Македонија Градежен работник од Тетово паднал од височина од шест метри

Градежен работник од Тетово паднал од височина од шест метри

А.А. (46) од Копанце добил сериозни повреди на главата откако паднал од височина од шест метри додека работел на куќа на жител од Ратае, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Инцидентот се случил вчера, нешто пред 13 часот, додека А.А. со електрична дигалка спуштал празна количка со која претходно пренесувал бетон. Дигалката во еден момент се откачила и заедно со количката тој паднал од вториот кат на објектот од околу шест метри во дворот.

Со возило повредениот веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница, од каде по укажаната помош поради сериозноста на повредите на главата бил префрлен на скопските клиники.