Спорт Спорт Свет Ѓоковиќ го победи Чилиќ во најкраткиот меч на Мастерс-купот во Лондон

Ѓоковиќ го победи Чилиќ во најкраткиот меч на Мастерс-купот во Лондон

Ѓоковиќ го совлада Чилиќ со 6:1 и 6:1 во сетови

Новак Ѓоковиќ со победа против Хрватот Марин Чилиќ го почна настапот на Мастерс-купот во Лондон. Тој во натпреварот, кој траеше 57 минути, го совлда Чилиќ во првиот меч во рамките на групата А со 6:1 и 6:1 во сетови. Овој меч е најкусиот во историјата на Мастерс-купот во Лондон. Во другиот меч од оваа група Станислас Вавринка го победи Томаш Бердих со 6:1 и 6:1 во сетови.
Во среда Ѓоковиѓ ќе се соочи со Вавринка, а Чилиќ со Бердих. Денеска на програмата се мечевите од групата Б, во која Рожер Федерер ќе се соочи со Кеи Нишикори, а Енди Мареј со Милош Раониќ.