Македонија Европратениците побараа враќање на демократијата

Европратениците побараа враќање на демократијата

Активистката Марија Џонс „на сите неопределени и на сите што се парават наудрени“ им упати порака дека улицата сама ќе им покаже дека не живееме само во политичка криза туку во длабока општествена криза.

– Треба да ги вратиме институциите. Ќе бараме укинуваме на неправедните закони – закон за хонорарци, сите закони за образование, затоа што никој не верува во нив. Барам укинување и на новиот закон за административните работници – истакна Џонс.

Европратеникот од Германија, Кнут Флекенштајн, изрази сочувство за полицајците убиени во Куманово.

– Не дојдов за да кажам како да се справите за политичката криза. Но, дојдов во Скопје да се солидаризираме не само со моите пријатели социјалдемократи, туку и со сите граѓани кои тука протестираат за своите слободи и сум импресиониран. На Македонија ѝ е потребно враќање на демократијата. Повторно враќање на независното судство, слободните медиуми, борбата против корупција – рече Флекенштајн.

Европратеникот од Бугарија, Сергеј Станишев, рече дека тоа што го гледа е инспиративно.

– Овие луѓе се борат за демократија. Многу пари се потрошија на небитни работи, наместо да се потрошат за здравство, за социјала… Сакам да знаете дека вашиот глас се слуша и во Европската унија. Сакам да знаете дека се важни вашите барања. Сакам да ја видам Македонија стабилна, просперитетна и европска – рече Станишев.