Correspondents Охрид се подготвува за Водици

Охрид се подготвува за Водици

Во Охрид привршуваат подготовките за одбележување на празникот Богојављение – Водици, на 19 јануари, како и за Денот на рибарите – наредниот ден.

Организатор на манифестацијата е здружението „Богојавление“, заедно со локалната самоуправа, донатори и други помагатели.

Се вклучија и охридските хотели и угостители, кои понудија дисконтни цени на аранжманите во сместувањето и на другите услуги. Охрид за Водици годинава очекува рекорден број посетители.

Овојпат празнувањето ќе трае четири дена, а ќе биде збогатено со концерт на македонската поп-дива Каролина.
Традиционалната рибна чорба за денот на рибарите, 20 јануари, годинава ја подготвува хотел-ресторанот „Тино“. Оттаму велат дека со задоволство се приклучиле во одбележувањето на богојавленските празници, меѓу другото, и поради кумовите Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески.