Македонија Едно лице загина во сообраќајка кај клучката Хиподром

Едно лице загина во сообраќајка кај клучката Хиподром

Едно лице го загуби животот, а четворица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот Скопје – Куманово, кај клучката во Хиподром.

Сообраќајката се случила помеѓу автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управуван од скопјанец, и автомобил „пасат“ со кумановски регистарски таблички, управуван од кратовец.

Повредените биле пренесни во Ургентниот центар „Мајка Тереза“.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје извршила увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди.