Економија Девизните резерви се зголемија во последното тримесечје од 2015 година

Девизните резерви се зголемија во последното тримесечје од 2015 година

Девизните резерви во последното тримесечје од претходната година се зголемија, што најмногу се должи на задолжувањето на државата на меѓународниот финансиски пазар со издавање еврообврзница, пишува во најновиот извештај на Народна банка.

– Порастот на резервите е нешто помал од проектираниот, но отстапувањата се мали, а показателите на адекватноста на девизните резерви остануваат во сигурната зона. Воедно, и девизниот пазар веќе подолг временски период е релативно стабилен. Расположливите показатели за надворешниот сектор покажуваат дека трговскиот дефицит и приватните трансфери, како клучни компоненти на тековната сметка, засега се движат во проектираните рамки – се вели во извештајот на Народна банка.