Македонија Денеска почнува пролетта

Денеска почнува пролетта

Пролетта на северната Земјина хемисфера почнува денеска во 17.15 часот, а истовремено на јужната полутопка ќе настапи есента.

Пролетта ќе трае до 21 јуни до 11.07 часот, кога календарски ќе настапи летото.

Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу сабота и недела во 2 часот, кога часовниците ќе се поместат еден час понапред.