Македонија Дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов затворен за сообраќај

Дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов затворен за сообраќај

Делницата на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов од крстосницата со улицата Московска до крстосницата со булеварот 8. Септември денеска и утре целосно ќе биде затворена за сообраќај поради изведување градежни работи.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот сообраќаен режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација.