Спорт Спорт Свет Дејвид Мојес, нов тренер на Реал сосиедад

Дејвид Мојес, нов тренер на Реал сосиедад

Договорт на Мојес истекува во јуни 2016 година

Шпанскиот стручњак Дејвид Мојес, својата тренерска кариера ќе ја продолжи во шпанскиот клуб Реал сосиедад. Мојес потпишал договор до јуни 2016 година, откако претходно инсистирал да потпише договор до 2017 година. Поранешниот стратег од „Олд Трафорд“, откако во април доби отказ поради лошата сезона на Манчестер јунајтед, имаше неколку понуди од клубови во Турција, Италија, Англија и во Шапанија. Мојес дебито на клупата на новиот клуб ќе го има на гостувањето кај Депортиво ла Коруња. Тимот на Реал сосиедад моментно се наоѓа на 15. место во Примера дивизион, откако во минатото коло славеше со 2-1 над шампионот Атлетико Мадрид.