Македонија ЦУК: Вчера изгаснати 33 пожари, активни шест

ЦУК: Вчера изгаснати 33 пожари, активни шест

Под контрола е еден пожар на територијата на Општина Кочани и зафатена е градската депонија.

Фото: ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се 6, под контрола е 1 и изгаснати се 33.

Активни се пожарите на територијата на Општина Прилеп кај селата Пештани, Кокре, Кален, Дуње, Бонче, Крушевица и Волково.

Пожарот се шири на три крака – од селото Бонче кон село Крушевица, превој Слива кон село Чумово и Пештани, а зафатена е нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума.

Активни се и пожарите на територијата на Општина Чашка, Петровец, Штип, Чучер-Сандево и Долнени каде горат нискостеблеста, мешана шума, смреки и сува трева.

Под контрола е еден пожар на територијата на Општина Кочани и зафатена е градската депонија.