Македонија Честитка од Иванов по повод Св. Кирил и Методиј

Честитка од Иванов по повод Св. Кирил и Методиј

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј.

– Мисијата на светите браќа беше да им се овозможи на словенските народи сами да го спознаваат Божјото слово, сами да ја создаваат и да ја пренесуваат својата култура, традиција, сами да ја пишуваат својата историја. Правото на сопствен јазик, на образование, на самоидентификација за кои тие се залагаа и денес се основни универзални и европски човечки вредности – се вели, меѓу другото, во честитката на Иванов.