Економија Богов ќе информира за економските проекции, но и за зголемувањето на каматната...

Богов ќе информира за економските проекции, но и за зголемувањето на каматната стапка

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, денеска, во 13 часот, ќе одржи прес-конференција во врска со редовната ревизија на макроекономските проекции.

Меѓу другото, се очекува тој да одговори и за последната одлука на Народна банка за зголемување на каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, од 3,25 на 4 проценти, односно за 0,75 процентни поени.

Во вчерашното соопштение, меѓу другото, беше наведено дека Народна банка и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи дополнителни промени во монетарната политика за целосно стабилизирање на состојбите и на очекувањата на економските субјекти, за успешно да се остваруваат целите на монетарната политика.