Свет Свет Бан Ки-мун го осуди погубувањето на египетските Копти

Бан Ки-мун го осуди погубувањето на египетските Копти

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, денеска најостро го осуди погубувањето на група египетски Копти во Либија и за тој злочин ги обвини џихадистите од Исламска држава.

Во соопштението се вели дека Бан Ки-мун најостро го осудува убивањето луѓе заради нивната верска припадност.
Советот на безбедноста на Обединети нации синоќа, исто така, ги осуди убиството на 21 египетски Копти, кое, според нив, е ужасно и кукавичко. Тие побараа итно да се пуштат на слобда сите заложници што ги држи ИД или која било групација поврзана со Ал Каеда.

Припадниците на ИД синоќа објавија видеоснимка на која се гледа како џихадистите обезглавуваат 21 египетски Копти поради што во Египет е прогласена седумдневна жалост и оттаму почнаа со воздушни напади на положбите на ИД во Либија.