Спорт Алонсо се враќа во Мекларен

Алонсо се враќа во Мекларен

Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, следната сезна повторно ќе вози за Мекларен, пренесе денеска „Би-Би-Си“.

Како што се наведува, Алонсо одлучил на две години пред истекот на договорот со Ферари, да направи трансфер во Мекларен, тим за кој возеше во 2007 година.

Останува да се види кој од сегашните двајца возачи на британскиот тим, Џенсон Батон или Кевин Магнусен, ќе го напушти Мекларен.

Алонсо до титулата светски првак стигна во 2005 и во 2006 година, како возач на Рено. Во неговата кариера во Формула 1  има 32 победи.