Македонија Ахмети и Хајндл разговарале за избирачкиот список и за медиумите

Ахмети и Хајндл разговарале за избирачкиот список и за медиумите

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл и со амбасадорката на Германија, Кристине Алтхаузер, денеска разговарал за политичката ситуација во земјата и за можните решенија за излез од политичката криза.

Како што се наведува во партиското соопштение, Ахмети истакнал дека ДУИ е заинтересирана преостанатите прашања да се решат што е можно побргу и реформите да се спроведуваат за да се организираат сеопфатни избори. Тој го уверил Хајднл дека ДУИ е конструктивен партнер на сите што сакаат решение на кризата и оти се заинтересирани оваа ситуација да се надмине што е можно поскоро.

Главна тема на разговорите, како што наведуваат од ДУИ, биле прочистувањето на избирачкиот список и медиумите, кои се услови за поставување датум за предвремени избори.