Македонија Ахмети: ДУИ дава поддршка на договорот од 2 јуни

Ахмети: ДУИ дава поддршка на договорот од 2 јуни

ДУИ одлучи да помогне во решавањето на кризата и да дејствува со целосна одговорност, поставувајќи ги државните интереси пред партиските, рече денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со Ерик Фурние, директор за Континентална Европа во француското МНР, француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер, и со нивните соработници во седиштето на ДУИ во Тетово.

„Ахмети ја потврди поддршката за договорот на 2 јуни, како и посветеноста на ДУИ со сите страни за да се постигне успех до изборите што треба да се одржат во април 2016 година“, соопштија од ДУИ.