Дописници 24. издание на Меѓународниот фестивал на хорска музика ТЕХО

24. издание на Меѓународниот фестивал на хорска музика ТЕХО

Околу 600 хористи од Македонија и од соседните земји, вечерва и утре ќе настапат на 24. издание на Меѓународниот фестивал на хорска музика ТЕХО.

Од учесниците, 11 хорови се од Македонија, а четири од Србија, Бугарија, Косово и од Албанија.

– Како и секоја година, продолжувањето на традицијата на хорско пеење и годинава е поврзано со одбележување јубилеи. Годинава се одбележуваат 110 години од раѓањето на еден од основоположниците на современата македонска култура, Стефан Гајдов, и затоа побаравме, а учесниците прифатија во нивниот репертоар да има по една композиција од овој познат уметник. Исто така, на свечен начин ќе биде одбележана и 50-годишнината од уметничката дејност на диригентот Томислав Шопов – изјави диригентот Ивица Зориќ, кој е еден од организаторите на фестивалот.

Отварањето на фестивалот е вечерва, со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Ило Антески – Смок“ во Тетово, а утре програмата ќе продолжи во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“, во манастирскиот комплекс во Лешок.

Покровители на манифестација се Министерството за култура и Општина Тетово.

З.Д.