Култура Почна манифестацијата „Скопски улични музичари“

Почна манифестацијата „Скопски улични музичари“

Со настап на музичкиот состав „Марлон Брандо“, синоќа на плоштадот Македонија почна традиционалната музичка манифестација „Скопски улични музичари“, која ќе трае до крајот на септември.

Во овој период, рок-групи ќе настапуват секои петок и сабота од 20 часот на плоштадот Македонија. Вчерва ќе настапи музичкиот состав „Онија блузерине“.

Tрадиционалниот настан „Скопски улични музичари“ го организира Конгресниот центар „Александар Македонски“ (Универзална Сала), под генерално покровителство на Градот Скопје.