Македонија Забранета водата за пиење во гевгелиско Ума

Забранета водата за пиење во гевгелиско Ума

Водата за пиење од каптираниот извор на гевгелиското планинско село Ума е забранета за пиење, информираше Републичкиот институт за јавно здравје.

Преку соопштение дистрибуирано од Регионалниот центар за управување со кризи, се информираат локалните жители на селото, граѓаните на општина Гевгелија, како и многубројните викенд-туристи и планинари, дека водата од изворот не одговара на законските и на стручните прописи во однос на бактериолошките анализи.

Резултатите од направените анализи покажале присуство на значително зголемен број бактерии, поради што водата привремено е забранета за пиење. За употреба на водата од селскиот извор во Ума, се препорачува вршење редовна дезинфекција во периодот до следното испитување.