Македонија За неполна година се регистрирани 42.054 повици на „Ало докторе“

За неполна година се регистрирани 42.054 повици на „Ало докторе“

Вкупно 42.054 повици се регистрирани од почетокот на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“, која беше промовинарана на 15 септември минатата година.

Како што соопштија денеска од Министерството за здравство, за една недела, од 6 до 12 јули, се регистрирани 1.005 повици, од кои најчести биле оние поврзани со главоболки, покачен крвен притисок и симптомна болка.

Од министерството наведуваат дека поради временските услови, чести се и повиците за совети и за препораки поврзани со топлото време, заштита од сонце, како и за совети за терапијата на хронични болести.