Економија Ворен Бафет го купи „Дурасел“

Ворен Бафет го купи „Дурасел“

Батерии Дурацел

„Беркшир хатавеј“ (Berkshire Hathaway) на Ворен Бафет, во договор со компанијата „Пи енд Џи“ (P&G), ја купува нејзината марка „Дурасел“.

Купувањето на познатиот производител на батерии настапи по најавата од страна на „Пи енд Џи“ дека ќе продаде некои од своите марки, а „Беркшир“ соопшти дека вкупната вредност на оваа аквизиција изнесува шест милијарди долари.

„Пи енд Џи“ ја купи „Дурасел“ во 2005 година од компанијата „Жилет“.