Македонија Водата во Чифлик и во Облешево е неисправна за пиење

Водата во Чифлик и во Облешево е неисправна за пиење

Неисправна е водата за пиење во Чифлик и во Облешево, а во Чешиново е хемиски и бактериолошки исправна за употреба, покажаа анализите направени од Центарот за јавно здравје од Кочани.

– Мострата земена од чешмата во училиштето „Страшо Пинџур“ во селото Чешиново, покажа дека таа е хемиски и бактериолошки исправна за употреба. Анализите земени од чешмата во училиштето „Климент Охридски“ во Облешево покажаа дека таа е хемиски и бактериолошки неисправна за пиење, додека водата од чешмата во Подрачното училиште во селото Чифлик хемиски е исправна, а бактериолошки е неисправна за употреба – изјави Благица Ѓурковиќ, директорка на Центарот за јавно здравје од Кочани.

Таа истакна дека в понеделник стручни екипи од Центарот од Кочани повторно ќе бидат на терен и ќе извршат анализи на водата во овие населени места, по што граѓаните ќе бидат информираат за исправноста на водата за пиење.

Ѓурковиќ нагласи дека останува препораката жителите од Облешево и од Чифлик да користат амбалажирана вода.