Македонија Водата во Неготино може да се пие

Водата во Неготино може да се пие

Препораката за превривање на водата за пиење во Неготино е укината и таа може да се пие, изјави директорката на јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино, Наташа Лазова.

Таа посочи дека обилните врнежи од дожд на подрачјето на Тиквешијата изминативе денови придонеле за заматување на водата за пиење, која до граѓаните на општина Неготино доаѓа од регионалниот водовод Лукар.