Македонија Вчера издадени потврди на речиси 2.500 мигранти

Вчера издадени потврди на речиси 2.500 мигранти

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди за искажана намера за барање азил им издало на вкупно 2.473 мигранти, од кои најголемиот дел, односно 1.382, се сириски државјани.

Според податоците на МВР, од стапувањето на сила на измените на Законот за азил и привремена заштита (19 јуни) досега, вакви документи им се издадени на вкупно 111.361 мигранти кои транзитирале низ територијата на земјава.

До Одделението за азил, во последните 24 часа не било поднесено ниту едно барање за азил. Од почетокот на издавањето на потврдите досега, вкупно 50 странски државајни поднеле барање за признавање право на азил.