Дописници Успеа опитот за поголеми приноси на пиперката ајварка во Битолско

Успеа опитот за поголеми приноси на пиперката ајварка во Битолско

Опитот за двојно поголеми приноси на пиперката ајварка во Битолско донесе позитивни резултати. Со македонски еколошки препарат, кој содржи калциум и магнезум, намалена е употребата на пестициди при производството на ајварка.

Првиот задругар во Пелагониско, земјоделецот Благоја Ѓоргиевски од селото Кукуречани, на почетокот од јули, постави демонстративен опит на површина од близу девет декари и доби двојно поголемо производство на пиперки.

– Вакви резултати немам видено досега. Растенијата се здрави и поотпорни на болестите и на штетниците, со што се намали и употребата на пестициди. Приносот е зголемен, вегетацискиот период е скратен, а плодот е здрав и крупен, со одлична боја на пиперка ајварка. Со овој опит се доби и поголема економска вредност на пиперката – вели земјоделецот Ѓоргиевски.