Економија Странците задоволни од услугите на локалните снабдувачи, но недостигаат стандарди

Странците задоволни од услугите на локалните снабдувачи, но недостигаат стандарди

Странските компании се задоволни од услугите и од добрата кои ги користат од домашните компании. Но, сепак, клучни проблеми со кои се сочуваат при соработката со локалните снабдувачи се недостигот од меѓународни стандарди за квалитет и за заштита при работа, нетранспарентното работење и непочитувањето на строго одредените процедури.

Ова денеска беше истакнато на средбата на Американската стопанска комора во Македонија на тема „Соработка помеѓу странските инвеститори и локалните снабдувачи во Република Македонија“

– Создавањето база на локални снабдувачи кои можат да ги исполнат барањата на странските инвеститори, но и меѓународните стандарди, е еден од факторите што влијаат на одлуката дали една странска компанија ќе инвестира во одредена земја, како и на нивната конкурентност на таа локација. Колку е поголема соработката, толку ќе биде поголемо влијанието на инвестицијата врз подобрувањето на економијата, унапредувањето на стандардите и на зголемувањето на конкурентноста на локалните снабдувачи – порачаа од трите компании членки на Комората, „Арцелор Митал“, „Вабтек МЗТ“ и „Фени индустри“.