Економија Се зголемува бројот на блокирани сметки на граѓани

Се зголемува бројот на блокирани сметки на граѓани

Бројот на блокирани сметки по различни основи изнесува 234.727 и во оваа бројка влегуваат сметки на правни и на физички лица, покажуваат податоците на Народна банка.

Од почетокот на годината, бројот на блокирани сметки се зголемил за 22.642. Притоа, се намалува бројот на блокирани сметки кај фирмите, но се зголемува кај граѓаните.