Македонија Првиот човек на синдикатот на одбраната ќе влезе во седиштето на ССМ...

Првиот човек на синдикатот на одбраната ќе влезе во седиштето на ССМ со полиција

Во зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) вчера имаше метеж бидејќи Ристо Ајтов, кој со судска одлука беше вратен на претседателското место во Синдикатот на одбрана и безбедност (СОБ), беше спречен да влезе во зградата на ССМ.

Беше повикана и полиција, а Ајтов добил уверување дека в понеделник ќе добие полициска асистенција за да влезе во зградата на ССМ.

– Старото раководство на СОБ е веќе сменето со судската пресуда, но тие тоа го злоупотребуваат, а претпоставувам зошто го прават тоа. Има сомневања за злоупотреба на околу 5,5 милиони денари – изјави Ристо Ајтов.