Култура Поетско читање: „Елена Пренџова и приjателите” во Тирана

Поетско читање: „Елена Пренџова и приjателите” во Тирана

Утревечер, од 20 часот, во бар-клубот „Хемингвеј“ во Тирана, ќе се одржи поетска вечер со поетесата од Македонија, Елена Пренџова, насловена „Пренџова и пријателите“.

Вечерта е осмислена како средба на која секој гостин може да ја презентира својата поезија и да се приклучи на читањето.

Пренџова е на едномесечен поетски престој во Тирана, во организација на „Поетека“, а поддржано од „Традуки“ и Министерството за култура на Република Албанија.

Елена Пренџова (30) е автор на стихозбирките „Живот под ѕвездите“, „Пораки од морето“, „Таа“ и „Јас“, како и на „Антологијата на младата македонска авангардна поезија“. Нејзини песни се застапени во панорамски и антологиски избори на современата македонска поезија, објавени во Македонија и во странство.

Вo 2012 година ја доби наградата „Најдобар поет“ на првите регионални средби во Брчко, Босна и Херцеговина.