Свет ОБСЕ ги обвини сепаратистите за неуспешните преговори

ОБСЕ ги обвини сепаратистите за неуспешните преговори

Делегацијата на проруските сепаратисти, на вчерашните неуспешни мировни преговори во Минск, ги блокираше разговарите и побара ревизија на претходниот мировен договор, склучен во септември минатата година, соопшти денеска ОБСЕ.

„Не беа подготвени за расправа за примена на прекинот на огнот и за повлекување на тешкото вооружување. Наместо тоа, повикаа на ревизија на договорот од септември, кој меѓународната заедница го постави како темел за решавање на проблемите“, се наведува во соопштението на ОБСЕ, пренесува Хрватската радио-телевизија.

Претставници на организацијата се дел од контакт-групата, составена уште од претставници на Украина и на Русија и учествуваат во преговорите за прекин на судирите во Источна Украина.

Неупехот на мировните преговори го зголемува стравувањето кај меѓународната заедница од интензивирање на судирите во Источна Украина, каде во последните 24 часа загинаа 19 лица.