Хроника Маж починал откако го пригмечил автомобилот што го поправал

Маж починал откако го пригмечил автомобилот што го поправал

Чувар на сепарација во близина на полошкото село Волковија вчеравечер го загубил животот, најверојатно, според полицијата, откако автомобилот што го поправал се спуштил и го пригмечил.

Во полиција вчера, 25 минути пред полноќ, било пријавено дека во сепарацијата, под автомобил „форд мондео“ има легнат маж. Полицајците што биле испратени во сепарацијата констатирале дека се работи за М.Г. (66) од селото Брвеница, кој бил починат.

Сопственикот на сепарацијата на полицајците им кажал дека починатиот бил чувар во сепарацијата и дека е можно да го поправал автомобилот што го пригмечил.

Увид извршиле екипа од СВР Тетово и јавен обвинител, а лекар констатирал смрт. Јавниот обвинител наредил да се изврши обдукција во Клинички центар Тетово.