Македонија „Корендон“ го прогласи „Метропол“ за хотел на годината

„Корендон“ го прогласи „Метропол“ за хотел на годината

За туристичкиот оператор „Корендон“, хотелот „Метропол“ на брегот на Охридско Езеро е хотел на годината за 2014 година.

Признанието се однесува на квалитетот на услугите во објектот, во кој познатиот тур-оператор „Корендон“, години наназад, континуирано носи холандски и белгиски туристи. Признанието го прими управникот на хотел „Метропол“, Гоце Пуцоски.

Хотелот „Метропол“ има категоризација од четири ѕвездички и располага со 110 двокреветни соби, четири стандардни апартмани, еден резидент-апартман и еден делукс-апартман.

Исто така, хотелот располага со бизнис-сали за состаноци, банкетна сала, ресторан, добро опремена кујна и пространа отворена тераса. Заедно со својот депанданс и со соседниот хотел „Белви“, тоа е најголемиот сместувачки капацитет во Охрид и во Македонија, со близу 1.000 легла.