Економија Ќе се формира туристичка инспекција

Ќе се формира туристичка инспекција

На иницијатива на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППМ), Владата на 76. седница одлучи да формира туристичка инспекција.

Туристичка инспекција ќе дејвствува како самостојна институција, со ингеренции и организациона поставеност по моделот на Државниот пазарен инспекторат. Инспекторите кои ќе бидат дел од туристичката инспекција ќе бидат преземени од оваа институција.

Повеќепати туристичките работници побарале засилени инспекции на терен, особено во летниот период. Како што наведуваат, посебно во Охрид и во Струга се формираат човек-агенција, нудат неквалитетни услуги на странците, го рушат имиџот на државата и се нелојална конкуренција на постоечките професионални агенции.