Економија Избран првиот директор на банката за развој на БРИКС

Избран првиот директор на банката за развој на БРИКС

За директор на Нова развојна банка (НРБ), која ја основаа земјите од БРИКС (Бразил, Индија, Русија, Кина и Јужноафриканската Република), избран е претседателот на најголемата индиска приватна банка ИЦИЦИ, Кандапур Ваман Камат.

Банката е со почетен капитал од 50 милијарди долари и има цел финансирање на развојните проекти во земјите од БРИКС. Индија се надева дека НРБ ќе ги намири нејзините големи потреби за финансирање на инфраструктурата.

Земја со најголем основачки влог во оваа банка е Кина, со 41 милијарда долари. Седиштето на банката ќе биде во Шангај и ќе почне да работи до крајот на годината, а полниот капацитет ќе го достигне за четири-пет години.