Забава Мерием Узерли пијана, пренесена во болница во Белград

Мерием Узерли пијана, пренесена во болница во Белград

Турската актерка Мерием Узерли (Хурем од „Сулејман Величествениот“) последните две недели престојува во Белград, каде го снима својот најнов филм. Според српските медиуми, таа се забавувала на еден сплав заедно со нејзиното момче Озан Гувен, а од премногу алкохол ѝ се слошило, поради што веднаш била пренесена во болница, каде и била укажана медицинска помош.

Лекарите констатирале дека не се работи за нешто сериозно, туку дека поради големиот умор, пијалакот дејствувал мошне брзо и предизвикал голема мачнина.