Македонија Груевски испрати телеграма со сочувство до францускиот премиер

Груевски испрати телеграма со сочувство до францускиот премиер

Премиерот Никола Груевски испрати телеграма со сочувство до францускиот премиер Мануел Валс, по повод терористичкиот напад во новинарска редакција во Париз.

„Дозволете во името на граѓаните и на Владата на Република Македонија, и во свое лично име, да Ви ги упатам изразите на најдлабоко сочувство поради загубата на човечки животи предизвикана од варварскиот терористички напад во Париз. Се молиме за спокој на душите на жртвите, а нашите мисли се со семејствата на жртвите и со целиот француски народ“, наведено е во телеграмата. „Република Македонија најостро го осудува овој терористички чин и напад врз човечкиот интегритет и демократските вредности. Овој свиреп чин треба да нè обедини уште повеќе во борбата против тероризмот, во која Република Македонија ќе продолжи да го дава својот придонес рамо до рамо со нашите сојузници и партнери каква што несомнено е и Република Франција“, пишува во телеграмата.