Македонија Европски ден на органодарителството

Европски ден на органодарителството

Граѓанското здружение „Нефрон“ денеска по четврти пат во Македонија ќе го одбележи Европскиот ден на органодарителство.

Како што соопштија од здруженението, на настанот ќе присуствуваат претставници од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, клиниките за нефрологија и за урологија, КАРИЛ, како и органодарители кои ќе ги споделат своите искуства.