MKD Вранишковски останува в затвор

Вранишковски останува в затвор

Јован Вранишковски денеска нема да излезе од затвор, јавува телевизија „24 Вести“. Обвинителството во последен момент поднесе жалба на решението за условен отпуст на Вранишковски. До разгледувањето на жалбата на обвинителството, тој останува в затвор. Минатата недела од обвинителството соопштија дека нема да поднесат жалба на одлуката за пуштање на свештеникот на слобода, но, сепак, ја сменија одлуката непосредно пред најавеното ослободување на Вранишковски.