Македонија ДОМ бара краткорочни мерки против загадувањето

ДОМ бара краткорочни мерки против загадувањето

Kраткорочните мерки против загадувањето на воздухот, во случаи кога во 10 последователни дена ПМ10-честичките се со концентрација поголема од 100 микрограми на еден кубен метар, побара денеска Демократската обнова за Македонија.

– Покрај овие краткорочни мерки, ДОМ бара да почне спроведувањето и на среднорочните мерки што ги предвиде координативното тело. Меѓу нив е и мерката за планско обновување на постојните и создавање нови зелени површини. За таа цел, нема поефикасен начин од институционална заштита на зеленилото преку Закон за зеленило, кој е одамна подготвен и усогласен со многу институции – рече портпарлот на ДОМ, Тони Ристов, на денешната прес-конференција.