Државата ќе се задолжи со нови 11,5 милиони евра

Државата ќе позајми нови 11,5 милиони евра од домашните кредитори на денешната аукција на државни обврзници. Парите ќе ги обезбеди преку тримесечни и шестмесечни записи и една 15-годишна обврзница. Во првиот квартал од годинава, јавниот долг изнесува 4,3 милијарди евра.