Вселенското летало „Артемис II“ на НАСА полета и сега орбитира околу Земјата во рамки на првата екипирана мисија кон Месечината по половина век. „Одиме napred за целото човештво“, изјави астронаутот Рид Вајзман при лансирањето
Поминаа повеќе од 50 години откако американските мисии „Аполо“ за првпат испратија луѓе на Месечината во јули 1969 година.
И додека екипажот на „Артемис II“ на НАСА нема самите да слетаат на Месечината, нивната мисија во следните 10 дена треба да го отвори патот за следните човечки чекори на Месечината.
За време на патувањето, четворицата астронаути ќе летаат 10.299 километри, подалеку од темната страна на Месечината, која секогаш е свртена спротивно од Земјата, што ќе биде првпат да се случи такво нешто.
НАСА соопшти дека во текот на овој тричасовен период, екипажот ќе „анализира и фотографира геолошки карактеристики, како што се ударни кратери и древни лавини текови“, што ќе им помогне на идните мисии да го истражуваат регионот на јужниот пол на Месечината.
Истражувањата за здравјето на астронаутите, исто така, ќе ѝ помогнат на НАСА подобро да разбере како патувањето во длабоката вселена влијае врз човечкиот ум и тело, со што ќе се заштитат астронаутите во идните мисии кон Месечината, како и при патувања до Марс.
Доколку екипажот безбедно ја обиколи Месечината на ова патување, целта на НАСА е „Артемис IV“ и „Артемис V“ да станат мисии за слетување на Месечината – а агенцијата се надева дека и двете ќе се реализираат во 2028 година.
Се очекува екипажот на „Артемис II“ да пролета околу Месечината на 6 април.
Беспилотниот лет „Артемис I“, претходник на овогодинешната мисија, стигна до Месечината на шестиот ден од својата мисија во 2022 година.
„Аполо 8“ и натаму го држи рекордот за најбрза екипирана мисија до Месечината, откако стигна за нешто помалку од три дена – 69 часа и осум минути.
Тоа беше и првиот екипиран лет што орбитирал околу ова небесно тело.
Беспилотните објекти можат да стигнат до Месечината и побрзо, при што сондата „Њу Хорајзонс“ на НАСА ја мина Месечината за осум часа и 35 минути, кога во 2006 година замина кон Плутон – иако не влезе во орбита околу Месечината.
