fbpx

Зоран Заев се сретна со амбасадорот на Словенија, Бранко Раковец

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од претседателката на Комисијата за европски прашања, Лидија Димова, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Бранко Раковец.

Недостигот од демократија и од слобода во Македонија, економските проблеми на земјата, назадувањето на Македонија на европскиот пат, беа теми на разговорот, се вели во партиското соопштение.

Словенечкиот амбасадор особено се интересирал за политичката состојба во земјава и посочил дека забелешките од последниот извештај на Европската комисија што се однесуваат на загрозување на демократијата и на слободата треба да бидат сериозно сфатени.

– Враќањето на државата на нормален колосек е приоритет од којшто СДСМ нема намера да се откаже, а тоа подразбира неопходност од обезбедување услови за изразување на слободната волја на граѓаните – рекол претседателот Заев.

„Претседателот на СДСМ, Заев, истакна дека опозицијата е посветена на враќање на државата на граѓаните, којашто сега е узурпирана од власта во сите општествени сегменти, како и обезбедување услови за достоинствен живот на сите граѓани, наместо на поединци како што е сега. Во европските земји се водат битки за подобрување на животниот стандард и за зголемување на платите, а во Македонија, за жал, се води битка за враќање на елементарните права на граѓаните, слободата и на демократијата, беше констатирано на средбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со амбасадорот на Република Словенија, Бранко Раковец“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...