Третообвинетиот за случајот „Рекет“ Зоран Милески – Кичеец, е осуден на три години затвор. Тој вчера на почетокот на судењето го призна делото по што судот ја одвои постапката и денеска ја донесе пресудата.

Првоосомничениот Бојан Јовановски и второосомничената Катица Јанева се изјаснија дека не се виновни. Рочиштето против Јанева и Јовановски ќе продолжи на 6 декември (петок) кога треба да сведочи и бизнисменот Јордан Камчев од кој бил изнуден поткуп од 1,5 милиони евра.