fbpx

Зонското паркирање во Тетово ги остави станарите без паркиралишта

-

Жителите што живеат во строгиот центар на Тетово, каде месецов се воведе зонско паркирање, нема каде да ги оставаат своите возила. Општина Тетово го ограничи времетраењето на паркирање до три часа и на станарите не им овозможи да плаќаат месечен паушал за паркинг-место, како по примерот во другите градови каде е воведено зонското паркирање.

– Нема каде да ги паркираме возилата. Кога ќе дојдеме од работа, ги оставаме автомобилите на влезот од градот и до дома одиме пеш – изјави Милица Ивановска, преставник на куќен совет на зграда на булеварот Илинденска.

Станарите бараат Општина Тетово да обезбеди паркинг-место за секое семејство, за кое би плаќале месечен билет. За решавање на нивниот проблем, поднеле и петиција, но одговорот оттаму сè уште го чекаат. Жителите најавуваат протести и блокади ако локалната самоуправа набргу не понуди соодветно решение за паркирањето.

– Ќе се собереме сите станари, ќе ги паркираме возилата на улица и нема да ги тргнеме сè додека не добиеме позитивен одговор за проблемот – изјави Перо Јовчески, преставник на куќен совет од зграда на булеварот Илирија.

Зонското паркирање е воведено само на булеварите Илинденска и Илирија. Сега, голем број од возачите се паркираат во единствената зона А, каде се создава голем метеж и хаос во сообраќајот.

Од Општина Тетово велат дека овој проблем ќе се надмине со воведување зонско паркирање и во другите делови, односно зони во градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...