fbpx

ЗНМ: УЈП веднаш да ја деблокира сметката на МРТ

-

Блокирањето на сметката на Македонската радио-телевизија (МРТВ) од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) претставува дрзок упад на Владата во институционалната автономија на јавниот сервис, се вели во реакцијата на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Оттаму велат дека „блокирањето на сметката е смислен притисок на власта за да го дисциплинира јавниот сервис и да влијае на начинот на известување во пресрет на предвремените избори“.

– Ваквите притисоци треба да го оневозможат јавниот сервис да обезбеди еднакво медиумско претставување на сите учесници во изборниот процес. Апсурдно е УЈП да глуми финансиска дисциплина и да ја обвинува МРТ за неплаќање даноци, кога самата Управа не е во состојба да ја наплати радиодифузната такса, што е основен извор на финансирање за јавниот сервис. Место да ја блокира сметката на МРТ, УЈП треба да ѝ објасни на јавноста зашто досега не ја исполнува законската обврска и во целост не ја наплати таксата – се вели во реакцијата на ЗНМ.

Според ова Здружение, „повикот на Владата за УЈП и МРТ да се спогодат околу наплатата на даноците е чисто лицемерие, кога владините партии не дозволуваат да се постигне решение за стабилно финансирањето на јавниот сервис“.

– Владата со глумење конструктивност не може да ја сокрие одговорноста за лошата финансиска состојба на јавниот сервис. Бараме УЈП веднаш да ја деблокира сметката на МРТ и сериозно да се заложи за наплата на радиодифузната такса и да се обезбеди нормална работа на јавниот сервис – се вели во реакцијата на ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...