fbpx

ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ до Владата: Не ни треба реприза со платени јавни кампањи во медиумите

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) реагираат на јавната најава на Владата за измена на регулативата со која ќе престане да важи забраната за рекламирање во медиумите од страна на јавните институции.

Во нивното заедничко соопштение во кое се обраќаат до Владата, се вели дека, во спорен новинарски текст на МИА од 4 мај 2021 година, стои дека Владата ќе донесе пакет медиумски реформи за платени јавни кампањи во приватни медиуми и формирање Фонд за истражувачко новинарство и за продукција на медиумски содржини од јавен интерес.

„Невообичаено и тенденциозно е тајни брифери од Владата да пласираат информации на јавен сервис, притоа тие да не се поткрепени со факти. Во текстот се имплицира впечатокот дека СЕММ и ЗНМ некогаш побарале измена на член 102, заедно во пакет со формирање Фонд за помош на медиумите. Почитувани претставници на Владата, ова е лага! ЗНМ, СЕММ, ССНМ и МИМ никогаш ниту прифатиле, ниту побарале законски измени со коишто би се овозможил начин на директно истурање на јавни пари за владини кампањи во приватни медиуми“, стои во задничкото соопштение.

Се додава дека, ваквиот однос ја поткопува довербата меѓу новинарските и медиумските организации и Владата кој може погрешно да бидат толкуван и од јавноста и од меѓународната заедница.

„Не постои формално барање до Владата за формирање на Фонд за медиуми, туку наша подготвеност да бидеме конструктивен партнер за осмислување на овој модел, доколку се направи проценка за потребата на таков фонд. Во таа насока, потребни се две работи со цел да се избегнат недоразбирања во јавноста и тоа: Владата на РСМ да ја повлече иницијативата за укинување на забрана за државно рекламирање (да не се менува член 102 од ЗААМУ) и Владата да отвори јавна дебата во медиумскиот сектор за формирање Фонд за поддршка на професионалното новинарство“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...