Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува денешниот физички напад којшто се случи врз новинарската екипа на телевизијата „АЛСАТ М“, кои што денес си ја вршеле својата должност како новинари и известувале за големиот пожар на дивата депонија во Визбегово.
Според информациите коишто беа дадени од ЗНМ а добиени од присутните за време на нападато, новинарот Авни Тахири и снимателот Шенол Хајредини од екипата биле физички нападнати од лице сопственик на отпадот за кој се смета дека го предизвикал пожарот.
Напаѓачот насилно му го одзел мобилниот телефон на новинарот Тахири и го фрлил во огнот, а снимателот Шенол Хајредини бил исто така нападнат и му била скршена камерата. Лицето е уапсено од страна на Министерството за внатрешни работи, а случајот е пријавен во МВР.
Од ЗНМ изјавија дека со последните измени во Кривичниот законик секој напад врз новинари при извршување на нивната професионална задача е сериозно кривично дело за кое се предвидени законски казни. Се очекува од институциите брза и ефикасна истрага, со соодветна санкција за напаѓачот
