ЗНМ малку збунети и малку неспремни побараа ослободување на новинарот Божиновски

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) смета дека Зоран Божиновски, неосновано се држи во притвор веќе 4 месеци, со цел да го спречат да не објавува нови скандали поврзани со власта, дека станува збор за политички монтиран случај, со кој се крши Европската конвенција за човекови права и бараат повлекување на обвинението против новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“.

ЗНМ денеска ги стави во недоумица новинарите околу точната локација каде треба да се одржи прес-конференцијата,  а претставниците на највисокото раководство на Здружението се чини дојдоа неподготвени, без да бидат запознаени со неколку клучни детали околу случајот со новинарот Зоран Божиновски.

Имено, утрово ЗНМ до медиумите испрати имејл насловен „Известување за изјава пред Апелациониот суд во Скопје“, а во поканата стоеше дека „изјавата ќе биде дадена пред новата зграда на Јавното обвинителство„ а ЗНМ ќе дава изјава „во врска со судскиот процес против новинарот Зоран Божиновски“.

Прес-конференцијата сепак се одржа пред новата зграда на Јавното обвинителство, но со задоцнување од петнаесетина минути, бидејќи дел од претставниците на ЗНМ „тркнаа“ до Апелациониот суд за да проверат дали евентуално и таму чекаат новинарски екипи.

Ито така, во соопштението се поткраднати уште неколку грешки, непрецизности и несмасности. Така, иако тие најавија „изјава во врска со судскиот процес против Зоран Божиновски“, тој сè уште не е започнат, туку предметот е во фаза на обвинение, беше поднесено неодамна од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Судскиот процес треба да започне на 1 септември, детал кој не им беше познат на претставниците на Здружението, како што не им беше познато ниту дека предметот против Божиновски, е предаден во Советот на јавни обвинители, наместо на Специјалното јавно обвинителство, кое минатата недела го побара од Обвинителството за организиран криминал.

Божиновски во 2013 година беше еден од осомничените во случајот „Шпион“, но бидејќи им беше недостапен на органите на прогонот, истрагата против него беше прекината. На 21 април годинава, Божиновски беше екстрадиран од Србија во земјава, откако беше уапсен од српските власти во Нови Сад врз основа на меѓународната потерница, што властите во Скопје ја имаа распишано против него во 2013 година.

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи милиони животи...

Студентската правобранителка на УКИМ: Да ја споделиме маката и да бараме систем кој работи за нас

По низата случувања во академската заедница во текот на изминатите две недели кои следуваа по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс,“ попладнево со став се огласи студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил...

Српските студенти организираат изложба на кучиња за собирање средства за фамилиите на жртвите од пожарот во Кочани

Студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во недела организираат изложба на кучиња со цел да соберат средства за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. „Ги покануваме сите љубители на...

Започнаа годишните билатерални разговори со НАТО

Денес и утре тим од НАТО – Алијансата предводен од високиот политички експерт и известител за нашата држава Стјуарт Ендрјус ќе учествува на билатералните одбранбени разговори со Алијансата, соопштија од Министерството...

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи...