fbpx

ЗНМ и ССНМ: Законот на ВМРО-ДПМНЕ е напад врз независноста на медиумите

-

„Законот на ВМРО-ДПМНЕ за владините реклами предложен на работната група претставува брутален напад врз независноста на медиумите. Со законот се прави упад во мисијата, финансирањето и во уредувачката политика на медиумите. Ги повикуваме СДСМ, ДУИ, ДПА, ЕУ и САД категорично да го отфрлат ваквиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ и одлучно да се заложат за идеите на посредникот Питер Ванхауте како системско решение кое создава услов за слободни медиуми“.

Ова на денешната прес-конференција го истакна претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, како одговор на предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ за медиумите.

Според Селмани, предлогот ја убива смислата на постоењето на медиумите во едно демократско општество за точно, навремено да информираат, критички да ја опсервираат реалноста и да поттикнат дебата за прашања од јавен интерес.

– ВМРО-ДПМНЕ за јавен интерес ја прогласува секоја активност на владата и на јавните институции, тековните и идни активности на владата, очекувањата и владините политики и слично. Тоа, во превод, значи со јавни пари да предложи и да се засили промоцијата на партсиката програма. Со овој закон власта со парите на граѓаните планира да ја легализира, прошири и да ја надгради корупцијата во медиумите – рече Селмани.

Според него, „највеселата математика во законот се казните“. Селмани вели дека ако владата и јавните институции прекршувајќи закон објавуваат информативни кампањи, нема да сносат кривична одговорност туку ќе бидат казнети со парична казна од 3.000 евра. Претседателот на ЗНМ истакна дека ќе ги искористат сите средства што им стојат на располагање за да ги коригираат владините политики.

Предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ за медиумите е неприфатлив и за Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидиис, го спореди законот со налог за „една операција да ја извршуваат хирург од СДСМ и хирург од ВМРО-ДПМНЕ“.

Таа вели дека со овој закон, ВМРО-ДПМНЕ сака партиски да го подели јавниот простор затоа што, како што рече, според владејачката партија јавниот интерес е партиски интерес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...