ЗНМ и ССНМ: Реакцијата на „Аџибадем Систина“ кон „ИРЛ“ е притисок кон новинарите и обид за цензура

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја осудуваат непримерната комуникација на „Аџибадем Систина“ кон новинарите од редакцијата на истражувачката новинарска платформа „ИРЛ.мк“ по повод нивната сторија за Ковид-19 насловена како „Пандемско профитерство или грижа за заедницата: Другата страна на приказната за Ковид-19 тестовите“, објавена на 28 март 2020 година.

„Како засегната страна во текстот, „Аџибадем Систина“ испратила реакција до редакцијата на ИРЛ што е нивно легитимно право, но сепак, проблематично во нивното барање е што на дрзок начин ги клеветат и навредуваат новинарите кои работеле на таа истражувачка сторија, а притоа без доволно аргументи во својата реакција бараат извинување, како и текстот на „ИРЛ.мк“ да биде повлечен,“ се вели во соопштението.

ЗНМ и ССНМ се на ставот дека овој пристап на „Аџибадем Систина“ е недопустлив. Од таму посочуваат дека со таквиот начин на комуникација кон овој медиум, тие директно навлегуваат во кредибилитетот на новинарите и се обидуваат истите да ги дискредитираат, а не да ја аргументираат критиката упатена кон нив.

„Освен тоа, ваквата комуникација на „Аџибадем Систина“ несомнено може да се толкува како притисок врз редакцијата на „ИРЛ.мк“ и претставува директен обид за цензура што е апсолутно недозволиво во едно демократско општество, особено за теми кои се од поширок јавен интерес. Укажуваме на „Аџибадем Систина“ дека во иднина кога сметаат дека некој медиум известувал неетички, наместо да даваат квалификации и да навредуваат новинари и кон истите да се закануваат со тужби, можат да поднесат претставка до Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) или во Советот на честа при ЗНМ како две единствени саморегулаторни тела во Македонија,“ се додава во соопштението.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна најава досега...

Норвешка туристка алармира за нехумани услови во Скопската зоолошка градина

Норвешка туристка, Елена Хаген Мокошеин, испрати писмо до редакцијата на Мета.мк, заедно со фотографии, при што детално опишува сериозни пропусти во грижата за животните и недостиг на основни стандарди за нивна...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул и повреди повеќе од 150 лица

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Истанбул во Турција. Епицентарот на земјотресот во Турција е соопштено дека е на длабочина од 12 километри,...

Трејдинг за сиромашни – од живот без шеф до кампања за регрутација

Сѐ почнува со кратко видео: млада девојка во Дубаи, со лаптоп во скут и плажа во позадина, вели дека работи за себе, нема шеф и живее од тргување на берза. „И...

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна...